Пендаровски прифати дебата со противкандидатите

Кандидатот за претседател на владејачката СДСМ и шеф на државата во заминување Стево Пендаровски конечно, откако претходно седмицава тоа го сторија сите негови противкандидати ја прифатил поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во претседателската трка, и откако претходно неколку телевизиски куќи известија дека не добиле одговор на нивните покани за предизборно соочување.

l„Решив да ја прифатам поканата за заедничка дебата на националниот јавен сервис – Македонска радио телевизија, со оглед на тоа дека сите мои противкандидати ја прифатиле поканата да учествуваат во дебатата.

Дополнително, информирам дека останувам на претходно изнесениот став дека е потребно да се расветли случајот во кој имаше јавно изнесени индиции дека јавниот сервис бил користен за изработка на лажни анкети и дебати за рејтингот на политичките партии и кандидатите за претседатели, а со тоа и фабрикување на јавното мислење.

Останувајќи доследен на принципот на транспарентноста за мојата работа и како претседател и како кандидат за претседател во тековната кампања, ја информирам јавноста за овие прашања за кои имаше интерес изминатите денови“, се вели ви писмената изјава на Пендаровски.