Претставничкиот дом на САД гласа за пакетот помош за Украина, Израел и Тајван

Претставничкиот дом на САД, во кој доминираат републиканците, во сабота ќе гласа за пакетот безбедносна помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, кој се очекува да мине и покрај противењето на републиканските тврдолинијаши кои бараат овој пакет да содржи и издвојување средства за зајакнување на американската граница кон Мексико која во мандатот на демократскиот претседател Џо Бајден ја минаа милиони нелегални мигранти.

Минаа повеќе од два месеца откако мнозинскиот демократски Сенат ја изгласа сличната мерка, а американските претставници од демократскиот претседател Џо Бајден до главниот републикански сенатор Мич Меконел го повикуваат претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон да свика гласање.

Џонсон оваа седмица избра да ги игнорира заканите за негово отповикување од страна на тврдолинијашите со мнозинството 218-213 и го стави на дневен ред гласањето за мерка која вклучува 60,84 милијарди долари за Украина, која се соочи со двегодишна руска инвазија.

Пакетот, исто така, обезбедува финансирање за Израел, безбедносна помош за Тајван и сојузниците во индо-пацифичкиот регион, и мерки кои вклучуваат санкции, закана за забрана на апликацијата за социјално вмрежување во кинеска сопственост TikTok и потенцијален трансфер на запленети руски средства во Украина. .