Истражувачите од Универзитетот во Бафало во Њујорк го открија геномот на видот Арабика и го следеа неговото потекло до природно вкрстување помеѓу два други видови кафе, што, според проценките, се случило пред 610.000 до 1 милион години во шумите во Етиопија.

Истражувачите ги секвенционирале геномите на 39 сорти на Арабика, вклучително и примерок од 18 век, за да создадат најквалитетен геном на овој вид, чие научно име е Coffea arabica. Тие, исто така, открија специфичен регион од геномот кој може да биде клучен за размножување или генетски инженеринг за да се зголеми отпорноста на болести, пренесува „Ројтерс“.

  • Арабика е една од водечките суровини во светот, која зафаќа голем дел од земјоделските економии на земјите каде што се одгледува. Кафето е богат извор на антиоксиданси, и секако, кофеин – што ми помага мене и на останатите во светот да останат будни, вели растителниот еволуциски биолог Виктор Алберт, еден од водечките автори на студијата објавена оваа недела во списанието „Nature Genetics“.

Истражувањето покажа дека популацијата на Арабика полека се чистела и опаѓала во текот на милениумите додека климата се загревала и ладела. Прво го одгледувале луѓе во Етиопија и Јемен, а потоа се рашириле низ целиот свет.