Пиела само сок од портокал 40 дена: Ѝ се случиле многу промени во телото, но експертите испраќаат предупредувања

Ен Озборн / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Австралијката во текот на постот ја исфрлила целата храна од исхраната и консумирала само домашен сок. Таа е одушевена од ефектите коишто тој ритуал ги предизвикал во нејзиното тело, но сепак, тоа не е препорачливо за секого.

Ен Озборн од Квинсленд, Австралија, рекла дека пиела сок од портокал 40 дена без прекин и никогаш не се чувствувала поздрава, пишува „УСА тудеј“.

Озборн, која на Инстаграм има профил под називот @fruitisbeaut, на својата страница објавува содржина за своето искуство со фрутаријанство, исхрана што се состои само од овошје.

– Тоа беше прекрасно искуство. Почувствував емоционални, физички и духовни придобивки – им рекла Озборн на своите следбеници на Инстаграм за нејзиното 40-дневно чистење со сок од портокал, што го направила во текот на постот.

Во коментарите изјавила дека користи стар соковник од 1966 година.

Дневно пиела од литар до литар ипол и тоа било сè.

– Ти си мојата инспирација, и јас имав 40 дена пост на сокови, одушевена сум од придобивките – изјавила една следбеничка во коментарите.

Експертите се согласуваат дека сокот од портокал има здравствени придобивки и дека е богат со витамин Ц, кој е одличен за имунолошкиот систем, срцето и го поттикнува производството на колаген.

Тоа е и антиоксидант кој ги штити клетките од слободните радикали, истакнуваат од клиниката Мејо. Бидејќи телото не произведува витамин Ц по природен пат, луѓето мора да го внесуваат преку исхраната, но, и покрај здравствените придобивки, мора да се внимава, бидејќи може и да се претера со неговото внесување.

Земањето 2.000 мг или повеќе витамин Ц може да предизвика здравствени проблеми како што се камења во бубрезите или гастроинтестинални нарушувања, објави болницата „Маунт Синаи“.

Озборн вели дека понекогаш пие 5 литри сок од портокал дневно, што е околу 2620,6 мг. Пиењето сок, кој може да содржи многу шеќер, исто така, нема толку корист како јадењето цело овошје.

– Соковите обично немаат влакна, а влакната се тие кои помагаат да се забави апсорпцијата на шеќерот и да се намали гликемискиот индекс – рекла регистрираната диететичарка Аби Шарп за „УСА тудеј“.

– Значи, сокот од портокал, дури и кога не е засладен, може да предизвика скокови на шеќерот во крвта – рекла Шарп, а пренесува „Њујорк пост“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот