Германскиот воен брод ја завршил својата мисија против Хутите во Црвеното Море

Германскиот воен брод ја завршил својата мисија во заштите на трговските бродови од милитантното хутистичко движење во Јемен во саботата рано наутро и испловил од водите на Црвеното Море.

Фрегатата беше дел од мисијата на Европската за поморска одбрана „Aspides“, а беше распоредена во Црвеното Море на крајот од февруари за да ги заштити трговските бродови од нападите на милитантите во Јемен, кои ги гаѓааа бродовите поврзани со Израел солидаризирајќи се со Палестинците кои страдаат од израелската инвазија во Појасот Газа.

Црвеното Море е област на најважната поморска рута од Азија до Европа, која минува низ Суецкиот канал. Борците на шиитското хутистичко движење, кои се сојузници со Иран, со своите напади сакаат да ги принудат во прв ред западните земји да инсистираат на прекин на израелската воена операција во Појасот Газа.

Фрегатата, со екипаж од 240 лица, ја заврши својата мисија и ја напушти зоната на операции, соопшти Бундесвер. Екипажот на „Hessen“ повеќепати соборувал беспилотни летала лансирани од милитанти во првата мисија од ваков вид лансирана од германската морнарица, тврди германската армија.

Бродот беше распореден на 23-ти февруари по серија напади врз трговски бродови. Големите бродски компании почнаа да го избегнуваат Црвеното Море, дел од најкратката поморска рута меѓу Азија и Европа, што влијае на глобалната економија.

Германското Министерство за одбрана соопшти дека бродот безбедно придружувал 27 трговски бродови низ зоната на операција. Во четири случаи, беспилотни летала и проектили истрелани од Хутите биле успешно запрени, објави Министерството.

Севкупно, фрегата минала повеќе од 11.000 километри во зоната на дејствувањето.