Фото: Пиксабеј

Фосилните пршлени откопани во рудник за лигнит во Индија се остатоци од една од најголемите змии што некогаш живееле на планетата, објавија археолозите од тимот што работеше на ископувањето.
Се проценува дека змијата била долга околу 15 метри и живеела во мочуриштата на Индија пред 47 милиони години, пренесува „Ројтерс“.
Научниците рекоа дека откриле 27 пршлени, вклучувајќи и неколку пршлени што биле во истата положба во која бил рептилот без екстремитети кога бил жив.
Тие додадоа дека змијата, која го добила името „васуки индикус“, личи на денешниот голем питон и не била отровна.
Рудникот за лигнит во кој е откриена змијата се наоѓа во областа Панандро, во западната индиска држава Гуџарат.