САД ѝ вратија на Кина 38 кинески културни артефакти, а церемонијата на предавањето се одржа во Генералниот конзулат на Кина во Њујорк.
Окружното обвинителство на Менхетн во средата ѝ ги предаде артефактите на делегација од Националната управа за културно наследство на Кина, објави „Чајна дејли“.
Во јануари 2009 година, Кина и Соединетите Американски Држави потпишаа меморандум за разбирање за да се спречи нелегален увоз на кинески културни артефакти во Соединетите Американски Држави.
Валидноста на овој меморандум е продолжена по третпат, почнувајќи од 14 јануари годинава.