Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон очајно ја започна новата сезона во Формула 1. Најдобар пласман за возачот на Мерцедес беше седмото место во Бахреин и веќе е јасно дека нема шанси да се бори за висок пласман на крајот од сезоната.

Пред почетокот на сезоната, славниот Британец потпиша договор со Ферари за кој ќе вози од 2025 година, а неговата одлука се уште е главна тема во медиумите.

  • Мислам дека нема потреба да се правдам пред никого. Знам дека тоа е најдоброто нешто за мене и никогаш не сум го доведувал во прашање. Луѓето ќе зборуваат за се и сешто. Тоа воопшто не ме интересира, истакна Хамилтон.