Руски новинар загина во нападите во Запорожје

Семјон Еремин, воен дописник за рускиот весник Известија/Фото. Х

Семјон Еремин, воен дописник за рускиот весник „Известија“, беше убиен во петокот за време на напад со беспилотно летало во Запорожје, југоисточна Украина.

Според рускиот весник, 42-годишниот Еремин бил смртно ранет во областа Запорожје од каде што известувал.

Тој во име на „Известија“ покривал некои од најкрвавите битки за време на војната во Украина. Меѓу нив, битката за заземање на Мариупол, кој во 2022 година беше опколен од руските трупи речиси три месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот