Холандски клуб казнет со одземање на 18 бодови поради Роман Абрамович
Тимот на Витесе од Холандија доби казна од 18 одземени бода и наредната сезона ќе настапува во Втората лига во својата земја.
Причина за оваа одлука се проблемите при лиценирањето односно, прикажувањето на нереални извештаи за финансирање на клубот. Комисијата заклучила дека клубот се уште бил контролиран од рускиот милијардер Роман Абрамович.
Абрамович во 2022 година беше суспендиран од европскиот фудбал поради санкциите што ЕУ ги изрече против Русија како последица на инвазијата на Украина. Со финансирањето на Витесе се прекршуваат тие санкции, па затоа холандскиот клуб е казнет.
Витесе во минатото беше една од филијалите на Челси и во овој клуб беа испраќани млади фудбалери кои не можеа да се изборат за посериозна минутажа кај „сините“. Витесе и без казната беше на дното на табелата, а сега има -1 бод и е без шанси за опстанок.
Така клубот за првпат по 35 години ќе испадне во понизок ранг. Раководството објави дека клубот не планира да вложи жалба.