„Гарантираме 20.000 денари минимална и 30.000 денари просечна пензија за достоинствен живот на нашите пензионери, на оние кои ја изградија државата“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг во Струга.

Ковачевски нагласи дека во изминатиот период СДСМ обезбеди достоинствени примања за пензионерите и ги зголеми пензиските примања за 55%.

  • Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме барањето на граѓаните за попросперитетна држава, со новата програма за европска иднина. Оваа програма е реална, остварлива и нема откажување додека секој ред од неа не стане наша реалност, додаде Димитар Ковачевски.