Breaking News

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска


Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.


Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.


Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

– Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување.


Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината. бак/Фото: Општина Центар  .

Извор: МИА