ВИДЕО: Јувентус се спасуваше од пораз против Каљари во Серија А

фото: EPA-EFE/FABIO MURRU

Вечерва Јувентус имаше негатива од два гола разлика, во финишот успеа да освои бод на гостувањето кај Каљари во натпреварот од 33 коло во Серија А.

Домашните фудбалери беа подобри во текот на првото полувреме во кое реализираа два гола од од пенал.

Најпрвин Бремер играше со рака, а Гаетано погоди од белата точка во 30 минута, а не долго потоа голманот Шчесни го фаулираше Досена, а Јери Мина го зголеми водството (36`).

Гостите имаа добар напад кој заврши со гол на Душан Влаховиќ во 43 минута, но беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел Јувентус повеќе имаше од играта, во 61 минута српскиот Влаховиќ постигна прекрасен гол од слободен удар од левата страна, што беше негов 16 погодок сезонава.

На три минути до крајот на мечот Досена ја смести топката во сопствената мрежа по центаршут од страна – 2:2.

Претходно Лацио победи на гостувањето кај Џенова (0:1), со голот на Луис Алберто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот