Маричиќ: Граѓаните ќе станат акционери во енергетските компании

by Фокус

Би сакал да најавам една огромна промена, државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните. Граѓаните ќе станат акционери во енергетските компании,  објави вечерва на митингот со граѓаните на Општина Кисела Вода, меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, кој е дел од листата на СДСМ во ИЕ 1.

-Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четири члено семејство. Затоа вреди да се бориме, затоа нема откажување од европскиот животен стандард за сите – посочи Маричиќ.

Поврзани новости