ВИДЕО | „Знае да ги премине границите“: Марија Шерифовиќ откри каква е мајка ѝ во улогата на баба
Пејачката Марија Шерифовиќ на почетокот на декември доби дете преку сурогат мајка на кое му го даде името Марио, а сега откри како Верица Шерифовиќ се снаоѓа во улогата на баба.
Познато е дека Марија речиси секој ден објавува блогови на својот канал на Јутјуб, па сега се снимаше како се обидува да ѝ помогне на Верица да приготви храна во кујната, а се осврна и на темата за мајчинството.
„Тој е бескрајно насмеано бебе и најмногу ми е драго што веќе има еден микро-карактер што ми се допаѓа. Кога ќе помислам дека не можам да направам нешто или дека сум премногу уморна, бидејќи никој веќе не спие во куќава и не прави ништо друго освен да седи до него, тогаш тој ме гледа, се насмевнува…“, рекла Марија и додала:
„Баба е добра, знае да ги помине границите, границите што се викаат баба, но таа е девица. Сè уште не ѝ наоѓам замерка. Досега во овие шест месеци имавме еден дуел“.