Зверев се расправаше со судијата, сакаше да го прекине мечот, па загуби од 106 играч во светот

фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Германскиот тенисер Александар Зверев е поразен во четвртфиналето на турнирот во Минхен, а по поразот во осминафиналето во Монте Карло сега забележа нов слаб резултат.

Кристијан Гарин беше подобар од него со 6:4, 6:4, а во следната рунда ќе игра против Тејлор Фриц.

Дождот оваа недела прави големи проблеми во Баварија, а очигледно судиите тешко се одлучуваат за прекин на мечевите доколку врнежите се со слаб интензитет.
Таква беше судиската оценка за овој четвртфинален меч, која доста го изнервира петтиот светски рекет Зверев.

– Во кој момент ќе направиме нешто? Во кој момент? Кажи ми. Нема да направиме ништо цел меч? Тогаш јас завршив. Ќе ги играм уште следните два гема и тоа е тоа. Ова е смешно. Буквално врне – беа зборовите на Зверев кон судијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот