Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд.

„Моторните возила од Кралството Норвешка веќе се на својата крајна дестинација. По нивното распоредување, армиските единици ќе добијат поголема транспортната способност и мобилност”, напишаа тие.

За среќа брзо сфатија дека се работи за грешно знаме, па ја исправија грешката.

Во Македонија и претходно се случуваше да има грешки со знамињата, па така словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон во 2022 година во кабинетот на својот колега Бујар Османи беше пречекана со знаме на Република Словачка.

Претходно, во 2018 година пред Владата на официјална церемонија беше пречекан со погрешно знаме и австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тогаш наместо австриско, на јарболот до канцеларот стоеше латвиското знаме.