Македонија
19. April 2024 - 16:35

Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува

Исплата на мартовската плата и покачување согласно колективниот договор за култура, со овие барања од синдикатот на култура повторно излегоа на протест. Тврдат дека институциите пробуваат да ги изиграат, пробиени се сите законски рокови.

Повеќе од три илјади вработени во културата заедно со нивните семејства ќе останат без здравствено осигурување. Се заканија со секојдневни протести пред зградата на министерството.