Бербок и Нетанјаху во кавга со фотографии околу хуманитарната помош

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се судрија во текот на состанокот во Ерусалим околу хуманитарната помош за Појасот Газа, објавија во петокот германските медиуми.

Бербок и Нетанјаху се конфронтирале околу тоа дали жителите на Појасот Газа имаат доволно храна на располагање. Нетанјаху ѝ покажал фотографии од Бербок кои наводно потекнуваат од северниот дел на Газа, каде што се известува дека постои најголемата хуманитарна криза, на кои се гледало како наводно пазарите се преполни со овошје, зеленчук и други прехранбени производи.

На ова, Бербок на својот мобилен телефон покажала фотографии на кои се гледаат прегладнети деца од крајбрежната палестинска енклава Појасот Газа и рекла дека фотографиите што ги покажал Нетанјаху не одговараат на вистината.

Според израелскиот телевизиски канал Channel 13, израелскиот премиер рекол: „Ние не сме нацисти“, алудирајќи на пропагандните филмови на националсоцијалистичкиот режим кои во 1942 година кои сугерираа изобилство и добри услови за живот во Варшавското гето.

Нетанјаху рекол дека фотографиите на кои се прикажани преполните пазари во Газа се од израелската државно биро Cogat, кое е задолжено за контакти со Палестинците и хуманитарната помош.

Германското Министерство за надворешни работи воздржано реагираше на медиумските написи и соопшти дека тие „не го одразуваат вистинскиот тон“ што преовладувал за време на разговорите.

Според овие информации, Бербок, којашто во средата престојуваше во Израел за да укаже на лошата хуманитарна ситуација во Појасот Газа и да се бори за поголема помош, „не му забележала на Нетанјаху дека фотографиите што ги има се лажни, туку дека не одговараат на целокупната слика за состојбата на цивилите во Газа“.