Хамас: Агресијата на Израел врз Иран е ескалација против регионот

Агресијата на Израел врз Иран е ескалација против регионот, изјави за Ројтерс високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, по извештаите за напад на израелско беспилотно летало врз иранска воена локација.

„Повикуваме на проширување на обемот на ангажманот против израелската окупација како одговор на војната за геноцид во Газа и ескалацијата во регионот“, рече Абу Зухри.

Терористичката група Хамас е дел од „Оската на отпорот“ предводена од Иран, заедно со либанскиот Хезболах и групите во Сирија и Ирак.