Breaking News

ЕУ првпат воведе санкции за израелските доселеници на Западниот Брег


Европската унија првпат воведе санкции за радикалните израелски доселеници на Западниот Брег поради акти на насилство врз Палестинците, изјави дипломатски извор за ДПА.


Договорот беше финализиран денеска преку писмена процедура што им овозможува на земјите-членки да носат одлуки за итни прашања без да испраќаат министри во Брисел.


Санкциите беа наметнати на поединци и организации одговорни за акти на насилство врз Палестинците на Западниот Брег, велат дипломатите. зш/ .

Извор: МИА