Санкционирани се 55 возачи на мотоцикли

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) во периодот од 11.00 до 16.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 55 возачи. Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола. За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци, стои во денешното соопштение од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштија од МВР.