Ранѓеловиќ: ДУИ инсистира на идентитетска политика, а тоа му носи повеќе гласови на ВМРО-ДПМНЕ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Политичкиот аналитичар Иво Ранѓеловиќ, на гостување во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека не верува дека работата околу коалицијата ќе се крши за барањето на ДУИ претседателот да се бира во Собрание.

„Не мислам дека тука ќе се крши работата околу коалиција на бирање на претседател во Собрание. Тие ја фрлаат ракавиците кон СДСМ во однос на потенцијална коалиција, ако дозволат резултатите, дека тоа ќе биде првата пречка ако сака СДСМ да формира влада“, изјави Ранѓеловиќ.

Тој кажа дека реториката на ДУИ за идентитетите му носи повеќе гласови на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ децидно го одби предлог да формира коалиција на ДУИ. Јас сум убеден дека може да се направи коалиција ДУИ-ВМРО-ДПМНЕ, но мислам дека ДУИ инсистира на таа идентинтенска политика, а тоа уште повеќе го бутка неутралецот да гласа за ВМРО-ДПМНЕ. Просечниот гласач на СДСМ нема да гласа за СДСМ, затоа што е сервисер на ДУИ. И сега инсиситрате на оваа идентитентска политика. Албанец премиер, сега претседател… Кога се форсира, сега да прашам било кој Албанец, дали Македонија е поубаво место што има премиер за Албанаец? Тоа ништо не е сменето“, рече Ранѓеловиќ.