ВИДЕО| Тројца Руси скокнаа со падобран од стратосферата до Северниот пол

Тројца Руси поставија светски рекорд минатата седмица скокајќи со падобран од Земјината стратосфера наСеверниот пол во мисија што служеше и како тест за нов прототип на комуникациски систем за употреба на Арктикот, изјави во петокот организаторот на овој потфат Никита Цаплин од руската компанија „RuVDS“.

Пилотот-космонаут, херој на Русија Михаил Корниенко, пилотот-инструктор Александар Линик и основач на воздушната лабораторија „Стратонавтика“ Денис Ефремов, скокнале од авионот „Иљушин-76“ на височина од 10.500 метри и слободно паѓале две ипол минути пред да ги отворат своите падобрани на 1.000 метри од почвата, а сѐ е снимено во спектакуларно видео.

Сите тројца падобранци и покрај загреаните маски премрзнале на образите. Тие скокнале од авионот и паѓале со брзина од повеќе од 300 километри на час, со температура од околу -50 степени Целзиусови, со чувство на -70 степени Целзиусови, рече Цаплин.

Стратосферата е слој од атмосферата на Земјата кој се протега од 10 километри (околу 8 километри на половите) до висина од околу 55 километри.

Во долниот дел, температурата на воздухот не се менува (околу -56,5 степни Целзиусовит над половите и средните широчини т.е. -85 степени Целзиусови над екваторот), туку поради апсорпцијата на ултравиолетовото зрачење од Сонцето во озонската обвивка, се зголемува полека, а потоа и побрзо со височината, а на својот врв достигнува вредности од околу –2 степени Целзиусови.

Михаил, Александар и Денис слетале во близина на руската поларна база Барнео, каде успеале да го напојуваат серверот со помош на дизел генератори и да воспостават врска со сателитот. Опремата претходно била исфрлена од леталото на помала височина.

Комуникациите на Арктикот ќе стануваат сè поважни додека Русија, САД и Кина се борат за ресурсите, трговски патишта и воената предност.

Цаплин рече дека Русите можеле да испратат податоци користејќи експериментален систем, но призна дека досега немаат ништо што може да се спореди со американскиот систем „Iridium Communications Inc“, кој нуди сателитски комуникациски услуги што ги покриваат двата пола на Земјата.

„Нашето решение засега е прототип, но сепак се поврзуваме со сателитот од нашиот сервер и префрламе податоци. Се разбира, сè уште не е Иридиум, но направивме мали чекори во таа насока и тоа беше наша задача, да видиме колку да реално да постигнете евтино решение за пристап до сателитот од компјутер“, рече Цаплин.

Пред да се развие концептот „Iridium“, сателитски телефони беа непрактични, бидејќи беа гломазни како актовки. Уредите добивале сигнали од сателити лоцирани на геостационарната патека на земјата. Притоа, сателитите се движеле со иста брзина како и Земјата, што им овозможило да одржуваат фиксна позиција во однос на неа на надморска височина од околу 33.000 километри.

Компанијата, или системот „Iridium“, именуван по многу реткиот хемиски елемент иридиум, работи на различни принципи. Сателитите се наоѓаат во ниската орбита на Земјата на височина од околу 781 километар, а податоците ги пренесуваат на помали компактни уреди за илјадити дел од секундата.