Лондон планира нови гасни постројки за да си обезбеди енергетска ефикасност

Риши Сунак / Фото EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Владата во Лондон одлучи да ја поддржи изградбата на нови електрани на гас – со цел да се обезбеди снабдување со енергија на земјата за време на нејзината транзиција кон нула емисии.

На Обединетото Кралство ќе му треба непречено производство на гас до 2030 година како резервна опција за да се обезбеди енергетска безбедност и да се намалат трошоците, се вели во соопштението на Одделот за енергетска безбедност, цитирајќи ги бројките на Комитетот за климатски промени. Лондон веќе има план за зголемување на придонесот на електраните на гас.

Прво, да се дополни законодавството со барање новите гасни постројки да се градат спремни за нула нето емисии и да можат да се префрлат на алтернативи со ниски јаглерод во иднина – зафаќање на јаглерод диоксид, производство на водородна енергија итн. Второ, со воведувањето на други, уште поеколошки технологии, електраните на гас ќе работат поретко.

Премиерот Риши Сунак рече: „Најновите статистички податоци покажуваат дека веќе сме на половина пат – емисиите на стакленички гасови се 50% помали отколку во 1990 година. Но, ние мора да ги постигнеме нашите цели за 2035 година на одржлив начин, за луѓето да не останат без енергија во облачен и без ветар ден. Нема да преземам никакви ризици во однос на нашата енергетска безбедност.

Ќе донесам тешки одлуки, за кое било сценарио да се соочиме, секогаш да можеме да ја напојуваме Британија со енергија од Британија“, објави „Сега.бг.њус“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот