Мартинез доби два жолти картони, но не беше исклучен поради едно посебно правило

Емилијано Мартинез/фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

На реванш четвртфиналниот натпревар од Конференциската лига против Лил, голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез доби два жолти картони и не беше исклучен, а никој во студиото на „Скај Спортс“ не знаеше за специјалното правило.

Емилијано Мартинез ја предводеше Астон Вила до полуфиналето на Конференциската лига. Тој одбрани два пенали во пенал рулетот и му помогна на тимот да го исфрли францускиот Лил. Таму еден негов потег предизвика целосен шок во фудбалскиот свет. Тој доби втор жолт картон во пенал серијата, но остана на теренот.

Зошто? Поради едно посебно правило кое ретко се применува. Поточно, малку луѓе знаат за тоа. „Предупредувањата и картоните доделени на играчите и членовите на тимот за време на натпреварот не се пренесуваат во пенал-рулетот“ – стои во правилникот.

Така Мартинез максимално го искористи тоа правило, провоцираше, се расправаше со навивачите, направи вистински хаос, сè за да му помогне на својот тим и на крајот тоа се исплатеше. Знаеше што може да направи и дека втор жолт картон нема да го елиминира од натпреварот. За разлика од него, многумина тоа не го знаеја ниту во преносот.

Така на „Скај спортс“ беше објавено видео на кое се гледа дека за време на преносот луѓето во студиото не знаеле за ова правило. Почнаа да викаат и да се чудат зошто не е исклучен: „Исклучен е, исклучен. Не, остана на теренот. Му кажаа ли нешто на судијата? Не доби црвен…“, беа коментарите за време на преносот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот