Доларот зајакна, скок на цените на нафтата

На девизните пазари вредноста на американскиот долар во петокот во претпладневнтоо тргување се зголеми во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,19 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,98 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 154,30 на 154,40 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0640 долари, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,0665 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, нагло пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар прептладнево скокна за 2,23 отсто, на 89,05 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 2,31 отсто, на 84,65 долари.