Како изгледаше Русија 1964 година (ФОТОГРАФИИ)

Виктор Ахломов/МАММ/МДФ
Хрушчовото „одмрзнување“, освојувањето на вселената, претчувство за слобода и надеж во некои нови услови за живот. Благодарение на брзиот развој на фотографијата, денес можеме да видиме како изгледаше животот во земјата пред точно шеесет години.

Тоа беа години во кои младите целосно се посветија на романтичните чувства, бидејќи порасна генерацијата која не ја вкуси војната.

Среќни студенти на Московскиот државен универзитет на Првомајската парада.

Кампувањето во природа беше многу модерно. Младите ги освојуваа планините и шумите.

Децата ги навикнуваа на спорт од мали нозе. Скијањето беше дел од задолжителната училишна програма.

Фискултурни паради се одржуваа и на Црвениот плоштад.

Во 1960-тите се произведуваа голем број фотоапарати. Меѓу нив имаше и многу лесни за употреба, како за деца. Можеби секој втор пионер во познатото летувалиште „Артек“ на Крим можеше да направи слики за спомен.

„Главниот часовник на Советскиот Сојуз“ на Спаската кула во Кремљ.

Од познатиот лет на Гагарин поминаа три години. Луѓето масовно се интересираа за вселената и авијацијата.

Веројатно немаше советско дете кое не мечтаеше да стане космонаут.

И автомобилите станаа подостапни. Ова е реклама за моделот „Москвич 408“.

Важен новитет тие години беше масовната изградба на станбени згради познати како хрушчовки. Во многу советски градови се појавија цели населби со евтини згради од бетонски панели.

Многу советски луѓе станаа сопственици на сопствени станови. Можеби мали, но луѓето беа пресреќни да ги напуштат комуналните (заеднички) станови и секаквите домови за работниците.

А да не зборуваме за тоа дека советското семејство можеше да си ја дозволи последната технологија, како оваа правосмукалка „Урал“.

Таа 1964 година Советскиот Сојуз го посетија познати странци. Меѓу нив и револуционерот Че Гевара. На оваа фотографија тој е во друштво на Јуриј Гагарин.

Марлен Дитрих ги посети Москва и Ленинград (на фотографијата долу) и одржа неколку концерти.

Во една прилика ја прашаа дали знае некој советски писател, а таа неочекувано одговори Константин Паустовски. Кога излезе дека тој е во салата, светската ѕвезда падна на колена пред него.

Писателите беа вистински идоли во СССР. Се појави генерација на поети наречени „шеесетници“ (шестидесјатники), чии стихови ги читаше цела земја и кои можеа како некакви рок-ѕвезди да ги полнат салите и стадионите. На фотографијата е еден од нив - Евгениј Евтушенко.

Балетската ѕвезда Маја Плисецкаја во своите најдобри години го полнеше театарот Бољшој. 

Во 1964 година беше пуштен во работа првиот нафтовод во Сибир: Уст Балик – Сургут.

Далечниот северен Сургут почна да нуди работни места. Вака изгледапе градскиот аеродром таа година.

Продолжи освојувањето нови територии на огромната Русија. Стручњаци доаѓаа да работат во најзафрлените краишта и, се разбира, ги земаа со себе и членовите на нивните семејства.

Со одлука на КПСС на 14 октомври 1964 година, Никита Хрушчов ја напушти функцијата генерален секретар. На оваа фотографија тој го одржува својот последен говор како советски лидер од трибината на Мавзолејот.

Него го наследи Леонид Брежнев, кој ќе биде на чело на државата во наредните 18 години.

Воена парада на Црвениот плоштад.

По малку романтичниот, по малку меланхоличниот Ленинград.

А кога сме кај девојките, годината не е важна. Русинките отсекогаш беа и останаа убавици.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња