Како Русите ги носеле со себе в гроб своите отсечени бради?

„Никита Пустосвјат, дебати за верата“. Дело на Василиј Перов, 1880—1881.

„Никита Пустосвјат, дебати за верата“. Дело на Василиј Перов, 1880—1881.

А. Свердлов/Sputnik
Откако царот Петар во Европа се изнагледал напудрени перики и избричени лица, наредил сите руски благородници да ги исечат брадите, што предизвикало големи душевни страдања кај луѓето за кои брадата била симбол на општествениот статус и машкоста.

Меѓутоа, некои Руси си ги чувале отсечените бради за да бидат погребани со нив, за да не се појават пред Бога, како што кажувале, „со босо лице“. Не биле болјарите единствените кои постапувале  така. Англичанецот Џон Пери, бродоградител во Воронеж, во 1703 година запишал дека еден дрводелец ја чувал својата отсечена брада за подоцна да биде погребан со неа и да му ја покаже на оној свет на свети Никола.

А во семејството на Иван Александрович Наришкин (1761-1841) имало украсна кутија во која на перниче се чувала долга сива брада. Најверојатно припаѓала на некој од предците на Наришкини од XVII век и се чувала со цел да биде погребана со нејзиниот сопственик. Поради некоја причина, тоа не се случило и брадата станала семејна реликвија. 

Наришкини, исто така, зборувале дека брадата му припаѓала на „јуродивиот“ (богомолец-скитник) Тимофеј Аркипич, кој ѝ пришол на бабата на Иван Наришкин додека таа се молела. Наводно, тој ѝ ја подал својата брада и рекол дека родот на Наришкини ќе трае и дека ќе биде со православна вера сé додека ја чуваат. Меѓутоа, Иван Наришкин одгледал домашни глувци и во една прилика намерно или случајно им дозволил на глувците да влезат во кутијата и да ја изедат белата брада. Како и да е, познато е дека внуките на Иван Александрович Наришкин се омажиле за католици.

Дознајте повеќе за иновациите на Петар Велики: Сечи ја брадата, да не ти ја сечам главата: Иновациите на Петар Велики

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња