По веста дека му се слошило, Дино Мерлин е веќе пуштен од болница – пријателите на шега: Можеби од премногу баклава!

104

Дино е добро, се чувствува добро. Му се слоши, но сега е одлично. Тој е дома во Сараево, изјавија за Аваз од тимот на Дино Мерлин. Неговите пријатели се шегуваат дека можеби му се слошило од премногу баклава.

Инаку, претходно беше објавено дека на познатиот пејач Дино Мерлин му се слошило во центарот на Сараево и веднаш била повикана Брза помош, па итно бил пренесен во болница, пренесуваат медиумите од регионот.

Според очевидци, итната помош дошла во неговиот дуќан лоциран во Башчаршија и го однела пејачот до возилото, јавува 24сата.хр. Како што рекле очевидците, пејачот едвај одел.

„Изгледаше многу лошо, едвај одеше. Јас живеам овде, па често го гледам. Одвреме-навреме доаѓа во неговата продавница”, рекол еден од очевидците.