Марија Шерифовиќ како мајка со бесконечна љубов кон синот Марио – тој е нејзиниот шеф

562

Популарната пејачка се соживеа со детето!

Марија сега ужива со Марио во својот нов луксузен стан во новата луксузна белградска населба “Београд на води“. Синот расте и пополека го зазема своето место во станот. Пејачката неодамна го преуредила целиот мебел за потребите на синот!

Евровизиската победничка Марија Шерифовиќ, која стана мегаѕвезда, со песната „Молитва“, како истата да ѝ се позлати и во приватниот живот. После многу години Марија стана и мајка. Додуша не биолошка, туку по вештачки пат. Но тоа е најмалку важно. Најважно е што Марија целата се претвори во онаа вистинска природна мајка која сега на своето дете му дава бесконечна мајчинска љубов, исто како таа да го родила. И редовно на социјални мрежи објавува фотографии со синот Марио.

Марија, после многу компликации и папиролошки документации, успеа да си го оствари сонот. Таа во Америка го усвои детето кое се води според сите законски процедури како нејзино, само што е родено од некоја друга жена, која засекогаш останува непозната и за самата пејачка и за малиот Марио, а непознат останува и доброволниот давател на спермата.

Луѓето најпрво не веруваат во тоа што ѝ се случува на Марија, мислејќи дека тие работи ги прави поради популарноста, да се пишува за неа, а таа да има добро посетени концерти. Сепак, луѓето беа во тотална заблуда. Марија поминала низ тешки маки додека на овој начин стана мајка. Откако сите сериозно ја сфатија ситуацијата, почнаа да ѝ честитаат, да ѝ се јавуваат по телефоните дури и да ѝ се извинуваат доколку ја повредиле. Марија има голема топла човечка душа на сите таквите им простила. Нејзината најголема радост е синот Марио, а сè тоа другото кој што кажал, воопшто не ја интересира, не допира до неа.

Марија сега навистина ужива со Марио во својот нов луксузен стан во новата луксузна белградска населба “Београд на води“. Синот расте и пополека го зазема своето место во станот. Пејачката неодамна го преуредила целиот мебел за потребите на синот. Но малиот Марио, покрај мебелот во неговата соба, полека почнал да го зазема и оној во дневната соба.

Пејачката објави фотографија од која се гледа како нејзиниот син лежи на софата со кренат прст. Во описот под сликата, Марија ги насмеа сите, особено своите фанови:

– Тоа е тоа, немам веќе ниту софа. Затоа што ти си шеф! Го бакнува мајка!

Навистина откако е мајка, Марија е сосема сменета и во однесувањето и во комуникацијата. Од еден нејзин неодамнешен концерт до сите нас испрати силна порака:

–  Времето во кое живееме и постоиме е навистина грдо и неверојатно одвратно. Обидете се да бидете добри луѓе, прегрнете некоја добра девојка, некое добро момче, сосед, шеф… А зошто? Па, затоа што овој живот е само еден и сè ова ќе помине многу брзо. Подобро е да ве паметат по добро, отколку како некое ѓубре. Јас се трудам од ден на ден да бидам колку што е можно подобар пријател и подобар шеф и подобра ќерка, а сега и подобра мајка…

Инаку, Марија Шерифовиќ за 2 ноември оваа година веќе го има закажано својот голем солистички концерт во Скопје во „Борис Трајковски“. Тоа ќе биде одлична можност евровизиската ѕвезда заедно со своите фанови, а кои сигурно ќе ја исполнета спортската сала, да ги испее хитовите кои ги сака македонската публика. Од „Молитва“, па сè до „Један добар разлог“….                                                                И, ете ја причината да се дојде и да се ужива во настапот на оваа необична, несекојдневна пејачка, а која секоја сабота ја гледаме на ТВ-екраните во жирито во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.    Д.М.