Пејачот Бојан во психијатриска болница ја запознал својата идна сопруга,  Албанката Шкодрана  

2843
Beograd 23.02.2024. Bojan Tomović, pevač, intervju Foto: Vesna Lalić/Nova.rs

Пејачот Бојан Томовиќ сега се вика Амар Моштрокол, бидејќи пред неколку години, откако се откажа од христијанско-православната вероисповед, а според неговите сопствени тврдења, станал припадник на исламската вероисповед.

Тој неодамна се сврши со извесната 37-годишната Шкодрана, која е по потекло  од Албанија. Тие се запознале во психијатриска  болница, каде што и двајцата биле лекувани од алкохолизам и биполарно растројство.

Бојан и Шкодрана, која живее на релација Албанија-Германија, почнале да се дружат во болница, а набргу потоа станале неразделни љубовници. Се распламтиле емоциите, па сега планираат да се венчаат и да живеат најверојатно некаде на Јадранско Море во неговата Црна Гора од каде што е Бојан.

Бојан е веќе навлезен во петтата деценија, а пред еден месец итно беше хоспитализиран. Лекови ги помешал со алкохолот, па дојде до општ хаос во неговиот организам. Тој отворено проговори за овој тежок случај, откривајќи ги дури и деталите:

– На 8 март на Денот на жените  пеев со тамбурашите во ресторан во Сомбор. Толку многу се опијанив и покрај антиалкохолистичкиот блокатор што го имам со себе. Итната помош одвај ме спаси, одвај ме вратија во живот, објасни помалку разочараниот Боки, односно Амар, како што сега се вика откако премина во ислам.