Богата софра и алкохол, ХДЗ во Хрватска слави победа по парламентарните избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во 19 часот гласачките места низ Хрватска се затворени, а излегоа и првите излезни анкети.

По мандати: ХДЗ 58, СДП 44, ДП 13, Можемо 11, Мост 9, ИДС 2, НПС 2, Фокус 1

Вицепремиерот на Владата и ХДЗ Бранко Бачиќ практично во штабот ја прогласи победата на ХДЗ.

Тој во изјава за новинарите рече дека е извесно оти ХДЗ трет пат по ред ќе формира влада.

Тој им се заблагодари на граѓаните што „препознале се што постигна ХДЗ, но и што вети дека ќе постигне по оваа победа“.

„Очекувам уште неколку мандати до затворање на гласачките места, како и сите три мандати од дијаспората, бидејќи Хрватите од странство, особено оние од Босна и Херцеговина, знаат што сме направиле за нив“, рече Бачиќ.

Тие во својот штаб имаа и богата софра, а се нудеше и алкохол.

Претходните години во изборниот штаб на ХДЗ се нудеше вода и сокови, односно немаше алкохол на повидок, се за да се избегнат сцените од 2015 година кога некои членови на партијата се тркалаа по хрватското знаме и се бакнуваа во образите.