БРАЧНА ДВОЈКА ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПО ГРЕШКА БИЛА РАЗВЕДЕНА ОТКАКО АДВОКАТ ПРИТИСНАЛ ПОГРЕШНО КОПЧЕ

    БРАЧНА ДВОЈКА ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПО ГРЕШКА БИЛА РАЗВЕДЕНА ОТКАКО АДВОКАТ ПРИТИСНАЛ ПОГРЕШНО КОПЧЕФирмата „Вардаг“ се обидела да го отповика документот по три дена, но судијата го одбил барањето (Фото: Гети)

    Британска двојка случајно била разведена поради компјутерска грешка во адвокатска фирма.

    Вработен во фирмата „Вардаг“ по грешка го отворил досието на брачен пар кој во судските документи е заведен како г-дин и г-ѓа Вилијамс кога сакал да поднесе документ за финализирање на разводот за друг клиент. „Вардаг“ се обидела да го отповика документот после три дена, но судијата Ендрју Мекфарлејн го одбил барањето, велејќи дека системот го одобрил по само 21 минута.

    Шефицата на фирмата Ајеша Вардаг изјави дека одлуката на судијата ефективно значи „компјутерот вели не, вие сте разведени“.

    Судските документи велат дека г-ѓа Вилијамс поднела барање за развод во јануари 2023 по 21 години брак. Разводот не станал формален зашто двојката се обидувала да постигне финансиска спогодба.

    Застапниците на г-ѓа Вилијамс ја направиле грешката на 3 октомври. Вардаг не ја открила грешката до 5 октомври, мислејќи дека нарачката е направена за друг клиент, а потоа веднаш поднела барање за нејзино укинување. Сопругот дознал за ситуацијата дури на 11 октомври, се вели во судските документи.

    Адвокатите на г-ѓа Вилијамс сметаат дека со оглед на тоа што наредбата била направена по грешка, таа едноставно треба да се занемари, опишувајќи ја грешката како некој во фирмата да кликнал на погрешно копче. Судијата ја отфрлил оваа сугестија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира