„ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ СТАНА ПАРТНЕР НА СОС ДЕТСКО СЕЛО

    „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ СТАНА ПАРТНЕР НА СОС ДЕТСКО СЕЛО„И ние и Еуролинк сме посветени на подобрување на животите на луѓето односно децата, сега како партнери пристапуваме кон една уште повозвишена цел – осигурување на иднина со помалку предизвици“, велат Томеска и Брајовиќ.

    Децата од згрижувачките семејства во СОС Детско село ќе добијат донација од „Еуролинк осигурување“, кои станаа нивни стратешки партнер. Донацијата ќе биде наменета за едукативна поддршка на деца од згрижувачките семејства и зајакнување на нивните социјални и комуникациски вештини.

    „Еуролинк осигурување е одговорна и посветена компанија која во целост го поддржува општеството од кое е дел. Среќни сме што нашата поддршка се проширува и во делот на социјалната и детска заштита и ќе придонесе за подобар живот на многу деца без родители и родителска грижа, како и семејствата во ризик. Верувам дека на овој начин ќе влијаеме врз подигање на свеста за важноста на водење грижа за социјално ранливите категории и ќе поттикнеме и други компании да се вклучат со своја поддршка“,  рече Марија Томеска, претседателка на Управниот одбор на „Еуролинк осигурување“, лидер на пазарот на неживотно осигурување и членка на групацијата ГРАВЕ.

    Раководителката на фондот за собирање средства и комуникации, Силвија Брајовиќ вели дека секогаш е задоволство, но и радост кога нивното семејство расте.

    „И ние и Еуролинк сме посветени на подобрување на животите на луѓето односно децата, сега како партнери пристапуваме кон една уште повозвишена цел – осигурување на иднина со помалку предизвици и повеќе остварени желби и соништа на оние на кои им е најпотребна поддршка, на дечињата без родители и родителска грижа. Верувам дека ќе реализираме заеднички активности под мотото ‘За сигурна иднина’ баш како резултат на посветеноста на Еуролинк во градењето на подобро општество за сите“, вели Брајовиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира