ШТИПЈАНИ МУ ОДДАДОА ПОЧИТ НА ДОНЧО ШТИПЈАНЧЕТО, КУРИРОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И СИМБОЛ НА МАКЕДОНСКИОТ НЕПОКОР

    ШТИПЈАНИ МУ ОДДАДОА ПОЧИТ НА ДОНЧО ШТИПЈАНЧЕТО, КУРИРОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И СИМБОЛ НА МАКЕДОНСКИОТ НЕПОКОРАндон Стојанов Тошев доби восочна фигура во Музејот на револуционерната борба на македонскиот народ во Штип (Фото: СДК.МК)

    Со сите почести, граѓани на Штип му оддадоа почит на Андон Стојанов Тошев познат како Дончо Штипјанчето, кој починал на 15 април 1931 и важел за најверниот курир на Гоце Делчев.

    Во црквата „Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село, каде што со Делчев ја развивале револуционерната дејност, се одржа панихида за Стојанов Тошев кој со три товари ориз заминал за Битола со оружје и кога бил откриен, не открил чиј бил товарот на неговите коњи. Бил осуден на 101 година тешка зандана, но по Грчко-турската војна казната му била намалена на 15 години, а подоцна бил амнестиран заедно со сите други политички затвореници.

    Андон Стојанов Тошев е опеан во повеќе македонски народни песни и како симбол на народниот непокор тој доби место меѓу 11 восочни фигури во Музејот на револуционерната борба на македонскиот народ во Штип и е една од најпосетените.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира