Македонија ги дозна ривалите на Светското првенство за ракометарки до 20 години

фото: РФМ

Денеска со жрепка беа извлечени групите за 24 Светско првенство за ракометарки до 20 години кое ќе се организира Скопје од 19 до 30 јуни 2024.

Репрезентацијата на Македонија ќе биде во последната група „Х“ заедно со селекциите на Ангола, Исланд и САД.

Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбеди пласман во следната фаза, а останатите ќе продолжат во „Президент купот“.

Натпреварите на СП 2024 ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“ и СЦ „Борис Трајковски“.

Во продолжение погледнете ги сите групи за Мундијалот:

Група „А“: Романија, Холандија, Бразил, Иран
Група „Б“: Швајцарија, Египет, Тунис, Чиле
Група „Ц“: Унгарија, Кореа, Аргентина, Мексико
Група „Д“: Данска, Норвешка, Јапонија, Кинески Таипеи
Група „Е“: Шведска, Чешка, Кина, Алжир
Група „Ф“: Франција, Германија, Шпанија, вајлд-кард
Група „Г“: Португалија, Црна Гора, Гвинеја, Узбекистан
Група „Х“: Ангола, Македонија, Исланд, САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот