Победи на Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Охрид во суперлигашкиот плеј-оф

Марко Митев („РК Алкалоид“)/фото: RK Alkaloid

Ракометарите на Алкалоид на гостински терен остварија триумф над ГРК Тиквеш (28:23) во рамките од деветтото коло од плејофот во македонската Суперлига.

Најдобар стрелец во Алкалоид беше Марко Митев со седум гола, додека Марко Стојковиќ погоди пет пати. Кај Тиквеш се истакна Мартин Манасков со осум погодоци.

Охрид ја совлада Струга на гости со конечен резултат 21:24, најмногу благодарение на Никола Јукиќ со шест гола, а на спротивната страна прв стрелец беше Бошњак со девет.

По поразот во дербито против Вардар, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер им се врати на победите откако на свој терен триумфираше против тимот на Бутел Скопје со 30:22.

Најефикасен кај победниците беше Филип Кузмановски со пет погодоци, а еден помалку имаше Жарко Пешевски. Кај гостите доминираа Стефан Крстевски и Владимир Јевтиќ со по четири голови.

Табела: Еурофарм Пелистер 26 бодови, Вардар 24, Охрид 23, Алкалоид 21, Тиквеш 16, Тинекс Пролет 6, Бутел Скопје 4, Струга 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот