ГРК Охрид ги продолжи договорите со двајца важни ракометари

Фото: ГРК Охрид

Eкипата на суперлигашот ГРК Охрид продолжи да го комплетира тимот за наредната сезона, па така денес клубот потврди дека се потпишани договори со двајца ракометари.

Станува збор за Стефан Дрогришки и Горан Крстевски кои се обврзаа на верност до 2025 година. Останувањето на двајцата и наредната сезона е одличен потег на раководството бидејќи и двајцата се од голема важност.

„ГРК Охрид го склопува мозаикот за следната натпреварувачка сезона. Стандардните Стефан Дрогришки и Горан Крстевски ја продолжија верноста кон клубот за уште една сезона и ќе го носат дресот на ГРК Охрид до 2025 година“, стои во соопштението на социјалните мрежи.

Охрид во недела го очекува дербито во Суперлигата против актуелниот шампион, Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот