ВИДЕО: Лос Анџелес лејкерс е ривалот на Денвер во НБА плеј-офот

фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Актуелниот шампион во НБА лигата, тимот на Денвер го дозна противникот во плеј-офот од Западната конференција.

Ривали на Нагетси ќе им бидат кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс кои на гостински терен во плеј-ин го совладаа Њу Орлеанс пеликанс со 110:106.

Во победничките редови Леброн Џејмс постигна 23 поени, запиша и по девет скокови и асистенции. На спротивната страна Зајон Вилијамсон доминираше со 40 поени, 11 скокови и пет асистенции.

Потсетување дека ќе се игра на четири победи по принципот 2-2-1-1-1. Денвер минатата година ги совлада Лејкерси со 4:0 во победи конференциското финале.

Пеликанси ќе имаат уште една шанса да се најдат во плеј-офот, ќе играат против Сакраменто кингс кој со 118:94 го елиминираше Голден Стејт вориорс.

Победникот од мечот Сакраменто – Њу Орлеанс во плеј-офот ќе се соочи против првопласираната екипа од Западот, Оклахома Сити тандер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот