ВИДЕО | Ембид се врати кога најмногу требаше и обезбеди плеј-оф за Филаделфија

Фото: Philadelphia 76ers

Тимот на Филаделфија се пласираше во плеј-офот од НБА лигата откако беше подобра од Мајами со 105:104.

Како клучно се покажа враќањето на Жоел Ембид. Ембид се врати токму пред најважните натпревари за Филаделфија. Предводени од минатогодишниот МВП, Филаделфија се избори за седмото место во лигашката конкуренција, додека во плеј-офот ќе оди на Њујорк Никси.

Камерунецот стигна до дабл-дабл од 23 поени и 15 скока со што покажа колку значи за својот тим. Тајлор Хиро од Мајами беше прв стрелец на мечот со 25 поени.

За пласман во плеј-офот Мајами ќе има втора шанса и тоа против Чикаго Булс кој ја совлада Атланта со 131:116. Победникот од тој плеј-ин во плеј-офот оди на Бостон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот