Рецепт за пилешко во сос од печурки: Кремаст оброк кој можете со сè да го комбинирате

Фото: creativecommons.org/licenses/by/4.0/

Јадењата со пилешко месо речиси сите ги сакаат, а може да се приготвува во разни варијанти и да се сервира со разни прилози. Меѓутоа, ако пилешкото се приготвува во сос од печурки, тогаш дефинитивно тоа ќе биде рецепт кој сите ќе го обожаваат.

Состојки:

– 1 големо парче пилешко филе без коски
– 400 грама печурки
– 100 мл павлака за готвење
– половина шолја пилешка супа (бујон)
– 100 грама брашно
– 3 чешниња лук
– 1 лажичка мелена црвена пиперка
– 1 лажичка сушено оригано
– 1 шолја изрендан кашкавал
– 1 шолја спанаќ (по можност млад спанаќ)
– маслиново масло
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка бибер

Фото: Cookipedia.co.uk

Подготовка:

Во сад измешајте ги брашното, мелената црвени пиперка, ориганото, солта и биберот, па убаво измешајте.

Зачинете го пилешкото филе од двете страни со сол и бибер и со другите зачини. Потоа, пилешкото исечете го на саканите парчиња, можете и како шницли, па во друг сад „поминете“ ги низ брашно.

Во длабока тава загрејте маслиново масло, па додадете го пилешкото да се пржи. Пржете до три минути од двете страни додека не порумени. По ова време, извадете го пилешкото и ставете го на чинија.

Потоа, во истата тава пропржете ситно сечкан лук со печурки исечени на листови. Оставете да се пржи додека не ја смени бојата и додека не замириса. Кога сè ќе се соедини, додадете ги павлаката за готвење, бујонот, пармезанот, солта и биберот. Оставете го сосот да врие неколку минути и гледајте да се згусне.

Вратете го пилешкото назад во тавата и прелијате го со малку сос за да биде од сите страни „опкружено“ со сосот од печурки. Продолжете да готвите додека пилешкото малку не омекне, а потоа послужете со ориз или тестенини.

Пријатно!

Фото: Freeimageslive.co.uk

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот