Рецепт за лажна пита со тиквички, пиперка и печурки

Фото: Whisked! / Flckr

Рецептите за лажни пити сè почесто можете да ги најдете на социјалните мрежи и на Јутјуб, од причина што се превкусни, поради што станаа многу популарни. Нивната подготовка е многу едноставна, а состојките се главно евтини. За подготовка на лажна пита можете да користите зеленчук, шунка, сирење… а наместо кора, се прелива со смеса од јајца и брашно. Денеска ви пренесуваме совршен рецепт за лажна пита што се прави со тиквички, пиперки и печурки и сигурни сме дека ќе ви се допадне.

Состојки:

– 4 тиквички
– 2 виолетови главици кромид
– 1 морков
– 2 пиперки
– 7-8 печурки
– малку босилек
– 2 чешниња лук
– 3 јајца
– 300 мл млеко
– 30 мл маслиново масло
– 5 лажици брашно
– 1 ќесичка прашок за печиво
– 1/2 китка мирудија
– 70 грама тврдо сирење

Фото: Gourmandise / Flickr

Подготовка:

Во сад ставете ги тиквичките кои сте ги исечкале на тенки ленти, па посолете. Оставете ги да отстојат околу 15 минути, а потоа процедете го вишокот вода. Во тава со малку маслиново масло пропржете го виолетовиот кромид исечен ребресто. Кога ќе омекне, додадете го морковот исечкан на кругови, а потоа и ситно сечканата пиперка. Кога зеленчукот ќе омекне, додадете ги исечканите печурки. Посолете, побиберете, посипете босилек и сè убаво измешајте. На крајот, додадете сечкан лук, покријте и динстајте околу 7 минути.

Изматете ги јајцата кои претходно сте ги посилиле, а потоа сипете млеко. Потоа сипете маслиново масло, а потоа додадете го просеаното брашно со прашокот за печиво. Сè убаво измешајте и на крајот додадете ја сечканата мирудија. Во плех обложен со хартија за печење наредете го испржениот зеленчук, а потоа прелијте го со преливот. На крајот, додадете ги процедените тиквички, па убаво измешајте. Сипете го преливот и повторно сè добро измешајте.

Посипете ја питата со рендано сирење, па печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот