Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Посни обланди
Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.
Бобе денеска споделува рецепт за омилениот деликатес – посни обланди.
– Со секој залак навлегувате во вкусните тајни на крцкавата повеќеслојна обланда исполнета со кремаст и ароматичен фил. Во секој слој откривате нови димензии на слаткото задоволство. Овие обланди се највкусните посни сладости што се подготвуваат брзо – порачува Бобе.
Состојки:
– 700 грама шеќер
– 500 мл вода
-200 грама маргарин
– 500 грама мелени бисквити
– 200 грама ореви мелени
– ванилин шеќер
– 3 лажици какао
– 5 листа обланди
Подготовка:
Во тенџере заедно водата, се сипаат шеќерот и маргаринот, се оставаат на силен оган додека да зоврие водата и да се растопи маргаринот, се додава ванилиниот шеќер и се трга од оган.
Потоа, во течноста се додаваат мелените бисквити, оревите и какаото со мешање додека да се соединат состојките. Филот се остава да се излади со повремено мешање. Се става лист од обланда на подлога и врз него се става четвртина од изладениот фил, врз филот се става повторно лист од обланда, па се филува додека се потроши филот и обландите. Се завршува со лист од обланда, па се оставаат најмалку час да се залепат.
Потоа обладата се сече во форма на правоаголници и се послужува.
На здравје сладење!