Илон Маск: Вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката интелигенција веќе следната година

Илон Маск / Фото EPA-EFE/Lukasz Gagulski

Вештачката интелигенција (ВИ) ќе ја надмине интелигенцијата на секој човек до крајот на следната година, под услов да има доволно електрична енергија и хардвер, изјави американскиот претприемач Илон Маск во интервју со Николај Танген, кој е извршен директор на норвешкиот државен фонд.

Тој верува дека можностите на вештачката интелигенција ќе ги надминат можностите на целото човештво во рок од пет години.

Маск истакна дека развојот на технологијата за вештачка интелигенција досега е забавен поради недостигот на потребни чипови, особено полупроводници од Nvidia, кои се од суштинско значење за обуката и работата на вештачката интелигенција.

Според него, уште еден комплицирачки фактор во развојот на вештачката интелигенција е ограничениот капацитет на електричната мрежа.

„Во последно време, гореспоменатите ограничувања слабеат, па најсериозната пречка за напредокот на вештачката интелигенција може да биде недостигот на електрична енергија“, истакнува Маск.

Целото интервју е достапно на профилот на Николај Танген на социјалната мрежа Икс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот