ВИДЕО | Погледнете го првиот трејлер за „Џокер 2“! Ќе се наежите од Хоакин Феникс и Лејди Гага

Фото: Printskrin / Tviter / Blitz / Warner Bros Pictures

Студиото „Варнер брос пикчрс“ го објави првиот трејлер за „Joker: Folie à Deux“, долгоочекуваното продолжение на „Џокер“ (Јокер) од 2019 година. Главните улоги ги толкуваат Хоакин Феникс како Џокер и Лејди Гага како Харли Квин.

Трејлерот започнува во менталната установа каде што Артур Флек, попознат како Џокер, заврши на крајот од последниот филм. Артур таму ја запознава Харли Квин која се жали дека, за разлика од него, не постигнала ништо во животот.

Откако Харли и Артур ќе побегнат од установата, можеме да ја видиме монтажата на сцените во кои танцуваат низ улиците на Готам и настапуваат во клубови, додека во позадина свири песната „What the World Needs Now Is Love“.

„Joker: Folie à Deux“ го режираше Тод Филипс, режисер на првиот филм. Филипс работеше и на сценариото со Скот Силвер. За разлика од првиот „Џокер“, чиј буџет беше околу 60 милиони долари, претстојното продолжение имаше буџет од 200 милиони долари.

„Џокер“ заработи повеќе од 1 милијарда долари низ светот, со што доби Р-оценка со најголема заработка во историјата на боксофисот.

Во новиот „Џокер“, покрај Феникс и Гага, во филмот играат Зази Биц, Брендан Глисон, Кетрин Кинер, Џејкоб Лофланд, Стив Куган, Кен Леунг, Хари Лоти, Ли Гил и Шерон Вашингтон.

Иако некои обожаватели беа скептични бидејќи претстојниот филм е мјузикл, социјалните мрежи се преплавени со лавина позитивни коментари по објавувањето на тизерот.

„Ова изгледа феноменално. Ми се допаѓа последната сцена со розата на стаклото“, напишал еден обожавател на Редит.

„Ова е всушност добар тизер. Бев скептичен за филмот, но сега навистина сакам да го гледам“, додал друг.

„Се обложувам дека продолжението ќе биде подобро од првиот филм. Изгледа поамбициозно и пооригинално. Освен тоа, фотографијата во трејлерот изгледа одлично“, напишал трет.

„Joker: Folie à Deux“ премиерно ќе биде прикажан на 4 октомври 2024 година, точно пет години по премиерата на првиот филм.

ФОТО | Неверојатна хемија помеѓу Хоакин Феникс и Лејди Гага: Нови фотографии од сетот на „Џокер“

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот