Почесна Златна палма за животно дело на Џорџ Лукас во Кан

Фото: Nicolas Genin / Wikimedia Commons

Режисерот, сценарист и продуцент Џорџ Лукас е новиот лауреат на почесната Златна палма за животно дело на Филмскиот фестивал во Кан, а ова признание ќе му биде врачено на 25 мај на затворањето на фестивалот.

Холивудскиот режисер, кој во мај ќе наполни 80 години, на тој начин влегува во друштвото на одбрани лауреати, а пред него наградата за животно дело ја добија и Харисон Форд, Мајкл Даглас, Том Круз, Џоди Фостер, се наведува на веб-страницата на Канскиот фестивал.

Фото: Wikimedia Commons

Филмскиот фестивал во Кан вели дека со задоволство оддава почит на една од најголемите личности во современата кинематографија, човек со извонредна кариера, која спојува одлична забава и иновации, митологија и модерна технологија. По повод оваа значајна награда, Лукас истакна дека фестивалот во Кан отсекогаш имал специјално место во неговото срце.

– Бев изненаден кога мојот прв филм „THX-1138“ беше избран да биде прикажан во тогашната нова програма посветена на режисерите. Оттогаш, се вратив на фестивалот во различни улоги како писател – сценарист, режисер или продуцент. Навистина сум почестен од ова посебно признание, кое многу ми значи – изјавил Лукас, пренесува Танјуг.

Филмскиот фестивал во Кан започнува на 14 мај, а ќе го отвори филмот на Квентин Дупуј „Вториот чин“ (The Second Act), додека публиката ќе има можност да го погледне и долгоочекуваниот филм „Мегалополис“ (Megalopolis) на Френсис Форд Копола, одличен режисер чиј кариерата е исто така поврзана со почетоците на Лукас.

Фото: Joi Ito / Flickr

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот