Дикаприо и Скорсезе ќе работат заедно на нов филм: Актерот ќе го глуми Френк Синатра

Леонардо Дикаприо и Мартин Скорсезе / Фото: Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER / EPA-EFE/KYLE GRILLOT

Откако доби 10 номинации за Оскар за филмот „Убијци на цветната месечина“, 81-годишниот режисер Мартин Скорсезе ги зацрта своите следни проекти. Извори велат дека тој планира да сними два филма еден по друг: првиот за Исус, вториот – биографски филм за легендарниот пејач Френк Синатра.

Како што пишува „Вараети“, познатиот актер Леонардо Дикаприо ја добил главната улога со која ќе го портретира Френк Синатра.

Улогата на Ава Гарднер и припадна на Џенифер Лоренс, со која Дикаприо соработуваше на филмот „Не гледај нагоре“.

Од друга страна, Дикаприо и Скорсезе соработуваа на повеќе филмски остварувања. Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите како „Бандите на Њујорк“, „Авијатичарот“, „Покојните“, „Островот Шатер“ и „Волкот од Волстрит“. Нивниот последен филм, „Убијци на цветната месечина“, беше номиниран за 10 Оскари.

Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од обожавателите кои коментираа на социјалните мрежи дека „Дикаприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.

Даската на која лебдеше Кејт Винслет во „Титаник“ е продадена на аукција за 718.750 долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот