ФОТО | Секси и заводливи, славните дами го обожаваа Кавали: Погледнете некои од највпечатливите креации на легендарниот дизајнер

Тејлор Свифт, Ким Кардашијан и Бијонсе во креации на Роберто Кавали / Фото: Принтскрин/Инстаграм/Твитер/Икс

Многу познати дами ги носеа креациите на славниот моден дизајнер Роберто Кавали, меѓу кои Џенифер Лопез, Тејлор Свифт, Ким Кардашијан, Зендаја…

Кавали беше познат по својот култен стил, кој го пренесе во своите модни парчиња и додатоци, кои многу славни личности сакаа да ги носат на престижни настани. Меѓу најголемите ѕвезди кои ги носеле неговите модели се актерката Зендаја, пејачката Тејлор Свифт, актерката и пејачка Џенифер Лопез, старлетата Ким Кардашија, актерката Пријанка Чопра, пејачката Рита Ора, топмоделот Адријана Лима и многу други.

Кавали својот бренд го лансираше во 1970 година, а веќе во 1972 го отвори својот прв бутик во Сен Тропе. Иако Кавали беше особено познат по егзотичните принтови, тој имаше и посмирени модели, кои се истакнаа на црвениот тепих.

Џенифер Лопез особено ги обожаваше неговите блескави креации, кои ги носеше како приватно, така и на важни настани и на сцената.

Фото: Принтскрин/Инстаграм
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Зендаја носеше креација на Кавали на церемонијата на доделување музички награди во Лос Анџелес, поради која стана ѕвезда на вечерта. Деколтираниот, сребрен фустан одлично ја истакна нејзината фигура, а некои велат дека изгледала како морска сирена.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Уште еден дизајн од Кавали што го носеше ќе остане запаметен засекогаш. Провокативниот цен фустан со златни детали на голиот грб на Зендаја.

 


Од друга страна, Тејлор Свифт изгледаше како вистинска дива на едно од доделувањата на наградите Греми во елегантен комплет, составен од кратка сина светкава блуза со долги ракави, откривајќи го стомакот, во комбинација со долго здолниште, кое делумно се влечеше по подот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Тејлор Свифт носеше волшебни креации на Кавали и на својата светска турнеја „Ерас“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

И Бијонсе е голема обожавателка на неговите креации, кои ги носи и приватно и на сцената.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Славниот италијански креатор, кој пред два дена почина на 83-годишна возраст, своевремено изјави дека секоја жена која има стил треба да следи одредени правила.

Еве како неговите креации ги носеа и другите славни личности.

Ким Кардашијан

 

Пријанка Чопра

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Рита Ора

 

Членовите на „Манескин“

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Џиџи Хадид

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ева Лонгорија

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Почина легендарниот моден креатор, крал на животинските принтови – Роберто Кавали

Која е убавицата со која Кавали доби дете на 82 години? Беше 45 години помлада од него, им го предвидоа крајот, а потоа ѝ купи остров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот