Вистинско изненадување за фановите: Брижит Макрон ќе се појави во четвртата сезона на „Емили во Париз“

Фото: Profimedia

Серијата „Емили во Парис“ („Emily In Paris“) доживеа три успешни сезони на филмската платформа „Нетфликс“, а во моментов актерската екипа ја снима четвртата сезона во француската престолнина.

Британската актерка Лили Колинс (35), која ја игра главната улога – Емили Купер, доживеала пријатно изненадување кога ја здогледала првата дама на Франција, Брижит Макрон (70), на филмскиот сет. Како што објави „Дејли мејл“, каде што можете да ги видите и фотографиите, Макрон разговарала со актерите и љубопитно го следела снимањето.

Имено, сопругата на францускиот претседател е голем љубител на серијата и како и останатите фанови, едвај го дочекала снимањето на четвртата сезона во која ќе се појави во епизодна улога.

Фото: Carole Bethuel/Netflix/Kobal / Shutterstock Editorial / Profimedia

Да потсетиме, „Емили во Париз“ е романтична комедија во која Американката Емили ја наоѓа својата работа од соништата во Париз, но и доживува романтични авантури и стекнува нови пријатели.

Последната сезона заврши доста шокантно, па фановите едвај чекаат да ги погледнат новите епизоди. Во една од нив ќе се појави и Брижит Макрон, чиј лик беше дел од втората епизода од првата сезона на популарната серија, а беше виден од грб во една кратка сцена. „Вистинската“ Макрон тогаш не се појави во серијата, но овој пат ќе ја гледаме во новите делови со прекрасни кадри од Париз.

Француската прва дама пристигнала на филмскиот сет во нејзиниот класичен темносин блејзер со златни копчиња. Со оглед на тоа дека Макрон е голема љубителка на модата, обожавателите на „Емили во Париз“ едвај чекаат да ги видат нејзините модни изданија во четвртата сезона од серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот